Проверка на биографија (CV)
Проверката на биографијата (CV) е критична компонента во процесот на оценување на професионалната позадина, квалификациите и севкупната соодветност на одредено лице-кандидат за дадена позиција или работна одговорност. Детективската агенција Premium Investigative Solutions нуди сеопфатен и прецизен пристап кон проверките на биографијата (CV), осигурувајќи нашите клиенти да имаат доверба во точноста и веродостојноста на информациите презентирани од кандидатите.
Нашиот искусен тим на истражувачи спроведува темелни проверки на образовните акредитиви, историјата на вработување, кариерниот развој, здравствената состојба, сертификатите и професионалните врски, преземајќи ги сите потребни истражни активности со цел потврдување на автентичноста на деталите дадени во CV-то на кандидатот, обезбедувајќи им на нашите клиенти јасна и точна слика за професионалната кариера на кандидатот. Во ера во која организацискиот успех е тесно поврзан со квалитетот на нејзиниот персонал, верувајте на Premium Investigative Solutions да биде вашиот партнер во обезбедувањето на вистинитоста и кредибилитетот на информациите дадени во биографиите (CV) на кандидатите. Нашата посветеност на точноста, вистинитоста и темелноста при истражните активности, им овозможува на нашите клиенти да градат работни тимови засновани на проверени и потврдени компетенции на кандидатите и вработените, врз вистинска заслуга и доверливост.
Детективската агенција Premium Investigative Solutions овозможува и истражни услуги насочени кон собирање на податоци и информации за активности на вработени во однос на неосновано зголемување на износите при службени патувања, злоупотреба на боледувања и доставување на несоодветна или фалсификувана медицинска документација, протекување на доверливи информации, односно несовесен однос на работниците спрема заштита на деловната тајна, нанесување на имотна-материјална штета со вршење на кражби од вработени (внатрешни) или надворешни лица надоврзани на нив, како и други истражни услуги на барање на клиентот.