Набљудување и следење на лица и објекти

Активностите на приватните детективи насочени кон дискретно следење и набљудување на поединци и објекти на јавен простор се издвојува како една од најраспространетите, но сепак и најсложени приватни истражни услуги.

Дискретното следење и набљудување вклучува тајна опсервација над лица, објекти и возила, со цел да се соберат релевантни информации и докази за клиентот по претходно барање за детективски услуги во согласност со Член 12 и Член 14 од Законот за детективска дејност, како и Член 306 од Законот за кривична постапка.

Успехот на следењето и набљудувањето зависи од различни фактори, при што експертизата и квалификациите на оперативниот тим се најважни. Овие атрибути се од суштинско значење за ефикасно справување со потенцијалните предизвици што може да се појават во текот на активностите за надзор.

Детективската агенција PREMIUM INVESTIGATIVE SOLUTIONS, ги обезбедува своите услуги преку квалификуван тим со долгогодишно искуство во дискретно набљудување и следење.